Македонија
23. January 2021 - 19:53

Владата најавува препорака за укинување на ротациите за админстративците

Владата сака од 1 февруари да ги врати сите административци на работа. Поради опаѓачкиот тренд на новоинфицирани со Ковид-19, Владата ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести дали да ја врати администрацијата во полн состав на работа.

“Со оглед на тоа дека бројот на заразени е намален, од 01 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државна и јавна администрација во полн состав со полно работно време во работните места. За овој став претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести”, информираат од владината служба за односи со јавност.

Претходно, поради есенскиот пик на вирусот Владата ги послуша препораките на Комисијата за заразни болести и го реорганизираше работењето на административците со цел заштита на здравјето. Па така, државната и јавната администрација, општините и судовите веќе три месеци работат во смени, од далечина или редуцирано со систем на ротации.