Бизнис
26. December 2018 - 19:35

Владата на средба со ЕУ за квотите за извоз на македонскиот челик

Компаниите да не се демотивираат и да продолжат со реализација на своите планови. Премиерот Заев вели дека Владата ќе ги поддржи фирмите од металуршкиот сектор кои можат да бидат погодени од квотите за извоз кои ги наметнува Европската унија.

Според новите правила домашните извозници во ЕУ ќе можат да продаваат челик и алуминиум за 5% повеќе од просекот во претходните три години. Тоа не значи дека ќе има намалување на извозот, охрабрува премиерот посебно што ќе може да се користат и неискористените квоти од други земји.

Најдоцна до 20 јануари ќе биде организирана средба со домашните фирми засегнати од квотите за да се усогласат решенијата. Паралелно, тим на Владата ќе преговара и натаму. На вчерашната седница одлучено е да биде подготвено барање за консултации со ЕУ и најдоцна до утре да биде доставено до Постојаната минисија на Македонија во Женева. Со заштитните мерки опфатени се сите земји кои не се членки на ЕУ и тоа е одговор на Унијата на одлуката на САД да го ограничи увозот на челични од производи од ЕУ и Кина.