Бизнис
2. September 2020 - 13:07

Владата на средба со бизнисмените – се бараат нови антикризни мерки

Следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и затоа овој период треба да го помнеме заедно, порача премиерот Заев пред бизнисмените од Сојузот на стопански комори. Тој вели дека државата е стабилна, а Владата е подготвена да помогне на стопанството за надминување на кризата.

Бизнисмените бараат во овој мандат Владата да ги намали парафискалните давачки за фирмите затоа што во некои случаи тие се повисоки од даноците. Голем проблем за нив е корупцијата и сивата економија, но во моментов најмногу им треба продолжување на државната помош за да ја надминат кризата.

Владата ветува дека ќе биде партнер на компаниите. Дека ќе го послаша барањето на намалување а парафискланите давачки и до крајот на мандатот тие ќе бидат за над 70% пониски. Ветува и дека нема да има промени на даночните политики, а ако с епокаже потреба од тоа компаниите ќе бидат навреме информирани.

Пред денешната средба со претставниците на ССК, Владата се сретна и со друготе комори, а најавени се средби и со синдикатите. Целта е да се слушнат барањата на сите засегнати во пресрет на дефинирањето на новиот пакет антикризни мерки.