Владата на Црна Гора ја стопира изградбата на неколку мали хидроцентрали
Владата на Црна Гора го задолжи Министерството за економија да ги почне преговорите за спогодбен прекин на договорите за изградба на мали хидроцентрали во неколку градови.
Премиерот Душко Марковиќ, по седницата на Владата во Плевље, соопшти дека станува збор за хидроцентралите на реката Бистрица во Бело Поље, на Муринска, Ѓуричка и Коморачка река во Плав, Буковица во Штавник и на Трепачка река во Андриевица, пренесе РТЦГ.
Марковиќ објасни дека оваа програма неспорно ќе овозможи нов поттик во производството на електрична енергија, но дека има пропусти што ќе и нанесат големи штети на природата.
-Во одделни случаи овој концепт на развој ќе ја промашеше својата цел, а тоа е унапредување на квалитетот на животот и развојот на локалните заедници, што не може да се одвива одвоено од зачувувањето на единствената природа и здрава животна средина на овие локалитети, рече Марковиќ.
Тој додаде дека во следниот период ќе се изјасни и за останатите проекти со слични проблеми.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка