Бизнис
13. April 2020 - 18:59

Владата ќе се задолжи кај ММФ, парите ќе се искористат за мерките за здравствена и макроекономска стабилизација

Околу 176,7 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Република Македонија ќе ги искористи за буџетски потреби во финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на Ковид-19.

Како што соопшти владината прес-служба, денеска на седница на Владата е донесена Уредба со законска сила за задолжување на нашата држава кај ММФ за финансиска поддршка од Инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба.