Бизнис
10. јуни 2020 - 16:46

Владата ќе ја продолжи поддршката за компаниите и следниот месец

Објавени имињата на лицата кои ќе добијат домашна платежна картичка. На официјалната страна  www.kupuvamdomasno.gov.mk  граѓаните  можат да проверат дали им следува државна помош од 3 или 9 илјади денари. Но првиот ден,  сајтот со проблеми – функционираше, па не функционираше. Министерката Ангеловска се надева дека проблемите ќе изчезнат наредните денови. Првите картички ќе почнат да се издаваат уште оваа недела, а целата постапка треба да заврши до 18 ти јули. Корисниците на платежните картички  нема потреба да одат до банките и да аплицираат. Самата банка ќе ги информира кога ќе им бидат готови. Истите ќе можат да ги користат до 15 ти август.

-Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката. Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот на финансиска поддршка, или лицето ќе може да ја подигне во банка. Банките оваа информација ќе ја објават на својата веб-страна и ќе исконтактираат во јавност, појасни Ангеловска.

Со ваквта мерка ќе им се помогне на речиси 325 илјади граѓани полесно да ја пребродат кризата, а во стопанството ќе се вбризгаат 28 милиони евра. За поддршка на бизнисот, мерката, исплата на минимална плата ќе продолжи и наредниот месец.

-За првиот месец од воведување на мерката беа исплатени околу 30 милиони  евра, вториот месец ќе биде нешто под 30 милиони затоа што 1000 компании помалку аплицирале, додека 18000 се преклопуваат во првиот и вториот месец, а има и дел нови 2500 компании кои аплицирале само за вториот месец да добијат поддршка.

Инаку за исплата на минималец од 14,500 во  мај аплирале 1,000 компании  помалку од април, што спред Ангеловска е доказ дека економијата полека почнува да се стабилизра.

Фирмите пак, кои во услови на криза ќе ја подобруваат конкурентноста и ќе освојуваат нови пазари, ќе добијат од 40 до 200 илјади евра помош од државата. Огласот за аплицирање ќе објави во петок , а рокот ќе заврши на 31 јули.