Бизнис
14. October 2021 - 21:29

Владата ќе го менува моделот за привлекување инвестиции

Ќе се менува моделот за привлекување инвестиции. Владата со секоја компанија ќе склучува посебен договор и ќе субвенционира  до половина од сумата која инвеститорот планира да ја вложи.  Ова го најави премиерот Заев на самитот нa Западен Балканот., што значи дека се враќа моделот на претходната власт, а  токму Заев беше жесток критичар.

Тоа се  базира на анализа на 10 годишни инвестициски планови, врз основана на што се проценува капацитетот на компанијата и инвестицијата, па се подготвува индивидуализиран пакет за поддршка од страна на Владата, најмногу до 50% од инвестицијата. Ефектите од владините економски политики за поддршка на инвестициите, како и за зголемување на конкурентност на компаниите се евидентни.,изјави преморот Зоран Заев

Инвестиции ќе има ако имаат доверба во Владата , во институциите, во системот, изјави поранешниот претседател на Еврогрупата Јерун Диселблум.  Кога некој одлучува каде да инвестира- прашува,  дали има корупција и колку е силен правниот систем

„Сите прашуваат дали може да инвестирам, дали можам да и верувам на Владата, дали ми е заштитетн капиталот, дали ќе бидам заштитен како малцински акционер, дали има корупција, дали системот е ефикасен, рече Диселблум.

Изминативе 20 години правиме реформи и се напреваруваме која од земјите од Западен Балкан ќе биде подобро рангирана на Дуинг бзинис извептајот,  вели вицепремиерот Битиќи. Сега сме фокусирани на структурни реформи

За поголем економсии  напредок, експертите порачаа   да се зголеми поврзаноста со земјите од регионот, дигитализацијата.  транзицијата кон зелената економија, да се намали неформалната, сива економија и да се зголеми продуктивнсота и вештините на работната сила.