Македонија
18. August 2022 - 16:39

Владата и денеска не открива дали ќе се менува балансерот

Министерот за информатичко општество и администрација  Алити нема да ја промени алатката „Балансер“ според која државните институции вработуваат по етнички клуч и покрај забележките во јавноста. Во алатката, како основа е земена етничката структура на вкупното население вклучително и дијаспората, а не само на населението што жиевее на територијата на државата, согласно ланскиот попис. Тоа предизвикува различни бројки за правичната застапеност кај државните службеници.

„Не ја менувам алатката, бидејки за Балансерот постои методологија, промените се направени согласно новиот попис. И претходно се земени податоците на вкупното население од пописот во 2002 година и сега е земено вкупното население. Во законот за правична застапеност пишува сите граѓани. Сите граѓани се сите граѓани“, ни вели министерот Алити во телефонски разговор.

Алити е категоричен дека и во 2002 година била вклучена дијаспората односно печалбари дошле за време на пописот и тука се попишале како државјани кои живеат и работат во странство.

Вчера директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски посочи дека за „Балансерот“ релеватна е само етничката структура на резидентното население. Бројките од дијаспортата според Симовски треба да се користат за да се креираат политики за да се намали емиграцијата.

Не контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.

Дополнително, во Балансер,  Алити решил пропорционално да распределат и оние државјани кои на пописот етнички не се определиле, што сосема ги изместува бројките. Така, ако се споредат бројките, во државната администрација, според кртиериумот на Симовски, 58, 44 отсто треба да се Македонци, а 24,20 отсто Албанци. Според критериумот на Алити пак, 57,92 отсто од државните служебници треба да се Македонци, додека пак 7 отсто повеќе Албанци односно дури 31,54 отсто.

На сугестијата на Статистика дека Балансер треба да го брои само резидентното населението во државата, денеска одговори не дадоа од Владата.