Македонија
27. February 2018 - 21:07

Владата го усвои Предлог-законот за пријавување и евиденција на обврски кои ги имаат буџетските институции

- Владата денеска на 56. седница на предлог на Министерството за финансии го усвои Предлог - законот за пријавување и евиденција на обврски кои ги имаат буџетските институции.

Досега не постоел унифициран механизам на евиденција и следење на обврските на субјектите кои располагаат со јавни средства.

Новиот предлог - закон предвидува преку електронски систем да се евидентираат преземени, а неисполнети обврски на институциите, како и неплатените обврски.

Законот ги опфаќа органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министрите ја усвоија информацијата со предлог решение за нормално функционирање на ИПАРД програмата и за соодветно искористување на средствата од ЕУ.

Владата на 56. седница одлучи свои простории во центарот во Струга да добие „Сојузот на борците од НОАВ на Македонија“.