Македонија
3. April 2021 - 17:04

Владата допрва ќе одлучува дали за Србите ќе нема патарини

Владата нема донесено одлука за ослободување на српските граѓани од плаќање патарини летово. Министерот за надворешни, Османи вели дека тоа е само размислување.

Премиерот Заев и денеска повтори дека Владата ќе овозможи српските граѓани да бидат ослободени од плаќање патарина летово. Разработен е моделот, пресметките се веќе направени, а обезбедени се и пари од буџетот кои ќе бидат префрлени на државните патарини за оваа цел. На тој начин државава ќе се оддолжи за донираните вакцини од Србија. Белград донираше 48.100 вакцини на земјава, а околу 15.000 македонски граѓани примија вакцина во оваа земја.

Српските медиуми денеска ја пренесуваат изјавата на премиерот Заев за ослободување од патарина летово.