Влада: ПЦР тестовите се набавени по најниска цена и се неопходни за членови на Владата за итни службени патувања
Во врска со написите за набавката на ПЦР тестови од страна на Службата за општи и заеднички работи за вработените во Владата на Република Македонија укажуваме дека тестовите се неопходни во ситуации кога членови на Владата имаат потреба од итно службено патување во странство, соопшти владината прес-служба.
Станува збор за ПЦР тестови кои се неопходни за итни службени патувања за кои не постојат можности за закажување тест преку матичен лекар.
-Владата може да набави вакви тестови единствено согласно Законот за јавни набавки, што е и направено на транспарентен начин, запазувајќи ја конкуренцијата на пазарот каде главен критериум е најниската цена. Од четирите компании, одбрана е најевтината понуда од 1.900 денари, стои во соопштението.
Владината прес-служба додава дека тендерот беше отворен за сите, и за Институтот за јавно здравје, а се пријавија само приватни лаборатории.
Тестовите што ги прави Институтот за јавно здравје се бесплатни за граѓаните, но не и за институциите на државата која ги плаќа по пазарна цена, се наведува во владиното соопштение.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица