Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово
Владата денеска соопшти дека не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово и бара СДСМ да не шири дезинформации во јавноста.
-Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки тој не е прифатен, велат од Владата.
Додаваат дека лицето кое СДСМ го посочил на прес-конференција нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.
-Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело, се вели во денешното соопштение од владината прес-служба.
Од Владата апелираат СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста.
Претходно денеска СДСМ на прес-конференција тврдеше дека осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес, како и дека лице кое има кривична пријава за „несовесно работење„ е именувано за в.д. директор на затворот во Прилеп.
Ново на Сител
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во кривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати
-
Зголемена потрошувачка на вода во Струмица, 195 литри се трошат во секунда