Македонија
3. October 2022 - 16:19

Вкупно 3.019 картички за набавка на гориво за земјоделска механизација во Неготино

Во Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Неготино пристигнаа картичките за набавка на гориво за земјоделска механизација, информираа попладнево од неготинската подрачна единица.

 -Право на користење имаат сите земјоделци кои имаат поднесено барање за финансиска поддршка во 2021 година. Вкупно се издадени 3.019 картички во изност од 15 447 249 денари. Картичките ќе можат да се подигнат во просториите на ПЕ Неготино секој работен ден со документ за лична идентификација – лична карта или пасош, соопштија од подрачната единица.