Вистината за парацетамолот: Познатиот лек не ја убива само болката, туку и нешто уште поважно
„Ацетаминофенот“ (американското име за „парацетамол“) може да ја намали способноста за емпатија, што е загрижувачки. Емпатијата е важна. Ако се искарате со брачниот партнер, а непосредно пред тоа сте испиле „ацетаминофен“, вашата способност да сфатите зош то сте го повредиле можеби ќе биде намалена“, додаваат тие, пишува Daily Mail.
Ова не е единствениот изненадувачки ефект на парацетамолот. Претходните истражувања наведуваат на заклучок дека аналгетикот го олеснува донесувањето на тешки одлуки.
Кога „срцето боли“
„Луѓето имаат уникатна способност да донесуваат сложени одлуки“, велат научниците од Универзитетот во Кентаки. Кога го прават тоа, понекогаш користат зборови кои се доведуваат во врска со физичка болка, на пример, велат дека „ги боли срцето“ што мораат да ја продадат куќата во која живееле со години.
„Ние сметаме дека болното донесување на одлуки нема само метафорично значење, а ако е така, замајувањето поради ублажување на физичка болка исто така би имало ефект и врз ублажувањето на психолошката болка при донесувањето на такви одлуки“, велат научниците.
„Донесувањето одлука може да биде болно, но аналгетикот против физичка болка може да го ублажи тој ефект“, заклучуваат тие.
Конечно, парацетамолот може да ја ублажи и болката поради големите суми на потрошена готовина, покажуваат истражувањата. „Супресантот на физичката болка може да ја намали т.н. „болка поради плаќање“, за која зборуваме во случаи кога луѓето трпат поголема психолошка болка кога ќе потрошат готовина отколку кога ќе ја повлечат кредитната картичка низ апаратот.“
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар