Виничка иселеничка сага
Општина Виница полека но сигурно се празни. Од година во година бројот на населението перманентно се намалува. Анкетираните граѓани велат дека причини за иселување на младите, но и на повозрасните жители има многу.
- Нема куќа од која нема иселени.
- Секој што можеше да излегне се исели.
- Се е причина, пари, уредувањето во државата ни е хаос, здравство, каде ќе отидеш на доктор, автобус како прво немаме од Виница за Скопје.
- Не можат да опстанат, не можат да живеат децата и сите отидоа во странство.
- Сакаат по луксузен живот, сакаат да живеат убаво и за нив е потешко.
- И тие што се вработени немаат плата и мораат да се иселуваат, а ние старите плакаме по нив. Жално е, многу е жално.- анкета граѓани на Виница
Веќе е доцна велат и да се отвораат стопански капацитети.
- Фабрики има, ама работници повече нема.
За виничани крајна дестинација пред неколку години беше Италија, посебно гратчето Канели во близина на Џенова, наречено уште и „Виница во мало“. Меѓутоа, поради слабата заработувачка, сега мигрираат во побогатите западно европски земји.
- Ние сме иселеници, 35 години сум во Швајцарија. Сега во моментот сите се во Швајцарија, од Италија се селат во Швајцарија.- анкета, виничанка во странство
За да се одржи врската со родното огниште, втора година по ред во село Видовиште, општина Зрновци, се одржа иселеничка средба, со цел негување на македонскиот фолклор и традиција, но и воспоставување на меѓусебни контакти помеѓу иселенците.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар