Вимблдон (ж): Финале Халеп-Серена Вилијамс
Серена Вилијамс во сабота ќе се обиде да стигне до рекордна 24. гренд слем титула и осма од тревнатите терени на Вимблдон, откако во дуелот на две ветеранки не и даде вистинска шанса на Чехинката Барбора Стрицова.
Стрицова, која го играше своето прво гренд слем полуфинале на 33 години, во текот на целиот меч беше во подредена положба и успеа да освои само три гема (6:1/6:2). Вилијамс, која лани загуби во финалето на „Ол Ингланд клубот“ од Анџелике Кербер уште ја чека својата прва гренд слем титула откако стана мајка, и во сабота ќе се обиде да го израмни рекордот на Австралијката Маргарет Корт со 24. титула од големите турнири.
„Добро е да си назад во финалето, и знаев дека можам, но дека ми се потребни мечеви. Во секој следен меч бев подобра и сега мислам дека можам да го дадам максимумот. Секој ден станувам со мислата да се натпреварувам пред публика. Го сакам тоа што правам. Ќе биде тешко против Симона, секогаш е така. Едвај чекам“, изјави Вилијамс.
На 37-годишната Американка ќе и се спротистави Романката Симона Халеп, која оди на втора гренд слем титула и прва од Вимблдон, но влегува во мечот со само 2-9 скор против Серена. Вилијамс ги има добиено последните пет дуели (од 2015 година), вклучувајќи ја и пресметката во четвртото коло на Австралија опен во јануари.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид