Тенис
7. July 2017 - 10:46

Вимблдон: Ѓоковиќ во 3. коло

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го минаа второто колона 131-то издание на Вимблдон. Во четвртокот настапот на Вимблдон го заврши 29 носител Хуан Мартин дел Потро.
 
Ѓоковиќ и Федерер кои во првото коло минаа едвај по 45 минути на теренот, без проблеми го минаа и второто коло. Двајцата во три сета ги поразија своите прптивници.
 
Српскиот тенисер во второто коло му препушти само пет гема на Чехот Адам Павлисек. Ѓоковиќ победи со 6:2, 6:2, 6:1.
 
Негов противник во третото коло ќе биде Летонецот Ернест Гулбис кој исто така во три сета го совлада Дел Потро. Крајниот исход на мечот е 6:4, 6:4, 7:6.
 
Федерер за противник го имаше сонародникот на Ѓоковиќ, Душан Лајовиќ, кој сет и пол му пружи достоен отпор на Швајцарецот. Федерер триумфираше со 7:6, 6:3, 6:2..
 
Сигурни во втората рунда беа и останатите носители Димитров, Монфилс, Бердих, Тим, Раониќ, Зверев.