Loading Video...
Тенис
9. July 2019 - 16:15

Вимблдон 2019: Халеп и Серена први полуфиналистки кај дамите

Симона Халеп и Серена Вилијамс се првите две полуфиналистки на женскиот дел од турнирот во Вимблдон. 
 
Романката Халеп обезбеди пласман во полуфиналето со победата во два сета над Шуаи Жанг, Кина. Иако во првиот сет беше одигран трај-брејк, сепак во вториот, седмата носителка Халеп на кинеската тенисерка и препушти само еден гем (6-1), со што за прв пат во својата кариера обезбеди место во полуфиналето на Вимблдон. 
 
А, во него за противничка ќе ја има, победничката од мечот меѓу Украинката, Елена Ситолина (8) и Каролина Мучова од Чешка 
 
 
Седумкратната победничка на Вимблдон годинава 11-та носителка, Серена Вилијамс во три сета го доби четвртфиналниот дуел со сонародничката Алисон Риске. Првите два сета завршија со идентични 6-4, а во решавачкиот трет Серена беше подобра со 6-3. 
 
Серена во полуфиналето ќе игра со подобрата од дуелот меѓу, (19) Џоана Конта, В.Британија и Барбора Стрикова од Чешка