Тенис
9. July 2019 - 15:55

Вимблдон 2019: Ден одмор за мажите пред четвртфиналните борби

Денеска на машкиот дел од турнирот на Вимблдон нема натпревари, па осумината кои се пласираа во четвртфиналето ќе може да одморат пред завршните дуели. 
 
Веќе утре започнува борбата за влез во полуфиналето, за кое (1.носител) Новак Ѓоковиќ ќе се бори до Белгиецот, Давид Гофин, а победникот од овој мече во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот, Габрием Баутиста Агут (23) и Аргентинецот, Гуидо Пела (26)
 
Втората полуфинална двојка ќе ја дадат победниците од четвртфиналните пресметки меѓу (2) Роџер Федерер и (8) Кеи Нишикори, Јапонија, односно 
(3) Рафаел Надал и Американецот, Сем Квери