Вилма Русковска суспендирана поради претресот кај Арафат Муареми во Финансиска полиција
Вилма Русковска, шефицата на Обвинителстовото за гонење на организиран криминал и корупција е времено отстранета од работното место, потврди таа за медиумите.
Одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција. Се бара утврдување на одговорност за трите обвинителки.
Кривична пријава против неа поднесе директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.
„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, претходно соопштија од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче