Loading Video...
Спорт плус
30. јуни 2019 - 16:23

Виљалес победник на холандското Гранд-при

Шпанецот, Маверик Вињалес е победник на трката за ГН на Холандија во „кралската“ класа, односно Мото Џи-Пи шампионатот. 
 
Вињалес до својата прва освосезонска победа, прва и за тимот на Јамаха, стигна на патеката „Асен“, оставајќи го зад себе лидерот во Генералниот поредок  Марк Маркез од Репсол Хонда и Французинот, Фабио Квартараро кој ја имаше пол-позицијата на стартот. 
 
Маркез кој и натаму е на врвот во Генералниот пласман сега има со 160 бода, односно 44 бодови повеќе од второ пласираниот Андреа Довициозо, кој денешната трка ја заврши на 4.место. 
 
Следната трка во Мото Џи-Пи шампионатот се вози во Германија по седум дена.