Loading Video...
Спорт плус
22. May 2022 - 18:26

Виктор Давидовски стана првиот македонски автомобилист кој остварил победа на ТЦР Европа шмпионатот

Виктор Давидовски стана првиот македонски возач кој остварил победа на ТЦР Европа. 
 
Давидовски кој веќе неколку сезони се натпреварува во ТЦР шампионатои, а во кој досега највисок пласман му беше 4.место, конечно се израдува на победа. 
 
Тој со своето Ауди триумфираше на втората трка од овој викен што се возеше за Големата награда на Франција.
 
Со првата своја победа Давидовски направи голем скок во генералниот пласман и сега е на 7.место 
 
Следната трка во ТЦР Европа шапионатот ќе се вози на 18 и 19 јуни во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп.