Викиликс: Загрозено менталното здравје на Асанж
Викиликс објави лекарски извештај во кој се наведува дека менталното здравје на основачот на Викиликс Џулијан Асанж е загрозено ако остане во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој за еден месец ќе има судско сослушување во Шведска за тоа дали апелацискиот суд ќе го поддржи налогот за негово апсење поради обвиненијата за силување од 2010 година.
„Менталното здравје на господинот Асанж најверојатно ќе се влоши со текот на времето ако остане во сегашната ситуација, која треба да се реши што е можно побрзо“, се наведува во лекарскиот извештај, што Викиликс го објави на Твитер.
Извештајот од 27 страници го направил неименуван „експерт за траума и псохосоцијална состојба“ во Лондон, а датиран е 11 декември 2015 година. Извештајот е направен врз основа на пет разговори водени со Асанж до јуни, минатата година.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија