Македонија
14. January 2019 - 10:28

Викендов 16 сообраќајки во Скопје

Во текот на изминатите денови (11, 12 и 13.01.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои две со тешки телесни повреди, пет сообраќaјни незгоди со телесни повреди и девет со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 111 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 40 возачи од кои: седум возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 26 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи 16 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, 11 поради неносење пропишана зимска опрема, еден возач поради неносење сигурносен појас при управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување на коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци затоа што поминале коловоз

на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 195 мандатни платни налози и 102 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.