Свет
27. December 2017 - 9:34

Виетнамските власти формираа кибер одделение од 10.000 лица за борба со „погрешни погледи“

Виетнамските власти формираа ново воено кибер-одделение со 10.000 луѓе во негов состав. Тие имаат за цел акции против „погрешни погледи“ на интернет, јавија локални медиуми.

- Одделот 47 веќе дејствува во неколку сектори. Секој час, секоја минута и секунда треба да сме подготвени за борба против погрешните погледи, изјави генералот Чонг Хгиа, заменик-началник во виетнамската армија.

Во Виетнам државата засилено набљудува социјални мрежи на интернет заради отстранување содржини оквалификувани од нив како несоодветни.

Бројноста на таа единица е речиси како и во Северна Кореја каде такво воено одделение има околу 6.000 луѓе.