Свет
5. May 2017 - 8:55

Виена добива автобус без возач

Соодветен истражувачки проект за изработка на автобус што сам ќе се управува во Виена се финансира со средства од Министерството за сообраќај.

Автономното возење е голем тренд што има потенција да ги промени градовите.

На тој проект работат Виенер Линиен, Австрискиот институт за технологија, КФВ, ТУВ Австрија и Сименс Австрија како и францускиот производител на автобуси Навја.

Цел на проектот е зголемена ефикасност и безбедност на автономните возила за да се покрене автобуска линија во градот под реални услови со автобуски станици, возен план и вистински патници.

Првиот автоматски автобус нуди место за 11 патници, а го покренува електромотор. Проектот почнува летоска.