Македонија
15. October 2020 - 14:31

ВИДЕО од полициската акција во која се апсеа шверцери на мигранти

Министерството за внатрешни работи денеска објави видео снимка од полициската акција во која се приведени 12 лица. МВР утрово спроведе акција на повеќе локации во Скопје и Куманово при што е сузбиена група од 12 лица кои изминатиот период криумчареле мигранти. Според МВР групата во периодот од декември минатата година досега спровела повеќе од 100 мигранти, а за услугите наплаќале од 500 до 700 евра.

Врз основа на претходен договор криминалната група мигрантите ги превземала преку нелегални премини со Р.Грција и преку Македонија и Србија, мигрантите биле пренесувани во западно европските земји" велат од МВР.