Видео кое ќе го гледате одново и одново: Ќерката на познатиот рапер збесна, па направи нешто што го остави без зборови
Сигурно барем еднаш ви се случило на улица да се судрите со некој кој гледа во телефонот без прекин или да седите со некој на кафе, а таа личност цело време да го проверува телефонот и да не обрнува внимание на вас.
Баш тоа и се случи на четиригодишната Алиса, ќерка на рускиот рапер Тимати, па со еден потег му се одмазди. Имено, како би го свртела вниманието на својот татко по секоја цена, лутото девојче му го зема телефонот и го фрли во море.
На снимката која познатиот рапер ја објави на Инстаграм, можеме да го видиме лутото девојче како го прекинува разговорот на нејзиниот татко, му го зема телефонот и го фрла во морето.
Тетовираниот рапер не можеше да верува што направи неговото девојче и во шок гледаше како телефонот му тоне во морето.
Видеото стана доста популарно со преку шест милиони прегледи, а откако Тимати го сподели со своите фанови на Инстаграм, сите го објавуваат.
Некои го окривија таткото што не обраќа внимание на ќерката, додека други мислат дека видеото е изрежирано.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција