Ракомет
22. January 2016 - 18:26

(ВИДЕО) Кире Лазаров во „најдобрите 7’’ на првиот дел од ЕП во Полска

 
 Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил  Лазаров, е дел од најдобриот во првата фаза на Европско првенство што се одржува во Полска.
 
Во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Лазаров кој на првите три средби против Франција, Полска и Србија беше лидер на црвено-жолтите во пласманот на Македонија во втората рунда на првенство, заслужено ЕХФ го вброи меѓу најдобрите. 
 
Во друштво на Лазаров се: белорускиот голман Вјачаслав Салдаценка, левиот бек на Данска, Микел Хансен, централниот бек на Словенија, Дејан Бомбач,  крилните играчи Валеро Ривера од Шпанија и Лук Абало од Франција, како и пивотот на домашната репрезентација на Полска, Камил Сипшак.