Бизнис
10. March 2018 - 19:25

Вицепремиерот Анѓушев го презентираше владиниот план за економски раст

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска го презентираше Владиниот план за економски раст пред кумановската бизнис  заедница. Со планот се предвидува поддршка за сите компании, а клучните услови се компаниите да имаат поголем приход во  2017 -та  во споредба со просекот од претходните три години, фирмите да не го намалиле бројот на вработени со просекот од претходните три, а пак новите компании ќе споредуваат со нула и ќе добијат поголем просек.

Една од најбитните мерки, според  Анѓушев, е што секоја компанија што ги задоволува мерките ќе и бидат вратени 10 или 20 проценти од сите инвестирани пари од претходната година.

- Втората мерка која што очекувам да ја искористат сите транспарентно да секој кој што ќе даде плата над 300 евра односно 18.000 денари или тоа е 50 проценти над минималната ќе биде субвенциониран со 20 проценти од нето платата па тука очекувам да прво и се вработуваат луѓе, но не само да се вработуваат туку и да се даваат и поголеми плати , а државата со 20 проценти ќе им врати на инвеститорите во следните 5 години и сметам дека е тоа една транспарентна јасна мерка која што ќе важи за сите компании да стимулираме вработувања, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски истакна дека целта на локалната и централната власт е да се подигне бизнис климата во градот и да се зголемат можностите за инвестиции, а да се даде предност на домашните инвеститори.

-Имаме потреба од развојна индустриска зона и денеска заедно во разговорот со вицепремиерот Анѓушев констатиравме дека Владата е подготвена да влезе во етапно финансирање на истата и се надевам дека веќе следната година ќе имаме конкретни резултати од тоа, а тоа е претстојната 2019. година кога првично ќе се видат инвестициите.

На средбата со бизнисмените присуствуваа и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.