Вевчани доби енергетски ефикасна градинка

Детската градинка „Планински цвет“ од Вевчани доби нова фасада и сончеви колектори со што стана енергетски ефикасен објект.
Средствата за реализација на овие два проекти во висина од околу еден милион денари се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку програмите за рамномерен регионален развој на Министертсвото за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски информира дека во 2013 година во детската градинка биле променети вратите и прозорците, а со реализацијата на овие два проекти објектот стана целосно енергетски ефикасен.
- Со реализација на овие два проекти целосно се променети условите во детската градинка. Сончевите колектори ја намалија потрошувачката на електрична енергија, а за поголема енергетска ефикасност ќе придонсе и новата фасада. Со новата фасада променет е и изледот на градинката, изјави Угриноски.
Директорката на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска информира дека покрај во Вевчани енергетски ефикасни објекти се направени во уште шест општини.
- Сончевите колектори и новата енергетски ефикасна фасада ги подобруваат условите за претстој на децата, но и на вработените, а ќе се заштеди и на топлинска и електрична енергија, истакна Лозаноска.
За подобрување на условите во туризмот преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион се поставуваат јавни тоалети во близина на Вевчанските извори за што се предвидени околу 25 илјади евра.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
