Ф1
17. July 2021 - 18:10

Верстапен победнит на првата стрпринт трка во Формула 1 шампионатот

 
Макс Верстапен е победник на историската прва спринт трка во Формула 1 шампионатот 
 
На легендарната патека „Силверстоун“, попладнево се возеше првата од предвидените три спринт трки сезонава, а денешната е дел од британско Гранд-при. 
 
Возачот на Ред Бул најбрзо ги извозе предвидените 17 кругови односно 100 километри и го освои првото место пред возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас кои завршија на второто и третото. 
 
За освоениот пласман тие добија, три, два односно еден  бод, кои влегуваат во бодувањето за Генералниот поредок во Ф1 шампионатот. 
 
Воедно пласманот на спринт трката го одреди и изгледот на гридот за утрешото Британско гранд при, па така од пол-позицијата ќе стартува Верстапен пред Хамилтон додека од вториот ред зад Ботас ќе биде Леклерк на Ферари.