Loading Video...
Фудбал
16. January 2022 - 18:38

Верона со 4-2 го победи Сасуоло

Во италијанската Серија А супер ефикасен  натпревар во кој беа постигнати шест гола одиграа Сасуоло и Верона, а победа остварија гостсите со 4-2. 
 
Впрочем со погодоците на Капри во 37-та и Барак воп 33-минута Верона по првиот дел имаше предност од два гола. 
 
По девет минути игра во второто полувреме Скамака намали на 1-2, но барак со својот втор гол три минути потоа одново ја врати предноста на два гола. 
 
Домашниот тим повторно се врати во игра во 67-минута со погодокот на Французинот, Дуфрел. 
 
Иако Сасуоло со сите сили се обидуваше да стигне до израмнување, сепак во четвртата минута од судиското дополнеие Барак со својпот трет гол ја потврди победата на гостинската екипа. 
 
Така Верона и Сауоло сега го заменија местата на табелата, па Верона е 11-та со 30, а Сасуоло 12-ти со два бода помалку.