Свет
21. May 2017 - 10:57

Венецуела: Над 160.000 лица протестираа во Каракас против претседателот Мадуро

Над 160.00 лица синоќа протестираа на улиците на Каракас против венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Демонстрантите веќе 50 денови одржуваат протести во Венецуела, со барање за оставка на претседателот Мадуро. 

- Со сигурност има 160.000 лица, можеби и повеќе, изјави Единсон Ферер, еден од раководителите опозициската Коалиција за демократско единство. 

Венецуелската полиција употребила солзавец со цел да ги растера демонстрантите.