Македонија
20. September 2019 - 19:28

Велосипедско дефиле во земјава во рамките на европската недела на мобилност

Со велосипеди во борба за почист воздух. Со велосипедски дефилеа во Скопје и 12 други градови низ Македонија беше одбележан “Денот без автомобили”, со што беа заокружени активностите од Европската недела на мобилност.

Скопјани се повеќе ги користат велосипедите вели градоначалникот Шилегов, информирајќи ги сограѓаните за поволностите од користење на алтернативниот превоз.

Покрај Скопје, европската недела на мобилност се одбележува низ целиот континент. Целта е да се промовира здравиот начин на живот.

“Денеска повеќе од три илјади градови во Европа го слават овој ден...Има многу млади и деца...”

Токму младите денеска ги предводат протестите против климатските промени во повеќе од 130 земји низ светот. Иницијатор на протестите е 16-годишната активистка Грета Тунберг, која ќе учествува на претстојниот климатски самит на Обединетите Нации.