Живот
14. May 2018 - 16:45

Велосипедисти тргнаа да го обиколат светот: Потоа едниот е пронајден обезглавен и се дозна нивната трагична судбина во Мексико

Мексиканските истражители соопштија дека двајца велосипедисти од Европа не загинале во несреќа, како што првично се мислело туку дека се убиени.

Телата на Германецот Холгер Хагенбуш (43) и Полјакот Кшиштоф Хмјелевски (37) се пронајдени на дното на карпа во мексиканската држава Чапас.

Локалните власти најпрво соопштија дека двајцата мажи изгубиле контрола над велосипедите, но роднините и колегите се посомневале на таа верзија и побарале детална истрага.

Новоизбраниот специјален обвинител Луис Алберто Санчез изјави во петокот дека Хмјелевски и Хагенбуш најверојатно се убиени при обид да ги ограбат.

„Нашата досегашна истрага укажува на убиство со предумисла“, рече тој.

Најпрво е пронајднео телото на Хмјелевски на 26. април, 40 метри под патот, а на Хагенбуш осум дена подоцна, на 4 мај, и тоа малку пониско под истата делница од патот, кој ги поврзува Окосинго и Сан Кристобал де лас Касас на југот од земјата.

Кога братот на Хагенбуш отпатувал во Мексико да го идентификува телото, дознал за смртта на полскиот велосипедист, чие обезглавено тело, без едно стапало, е најдено во истата област.

Истражителите претпоставуваат дека велосипедистите се нападнати на 19 или 20 април. Хмјелевски се здобил со повреда на главата, најверојатно од огнено оружје. Покрај телото лежел велосипедот, но не неговиот туку на Хагенбуш, што предизвикало сомеж.

Обвинителот Санчез претпоставува дека напаѓачите се обиделе да ги заташкат трагите, се да изгледа како несреќа, па поради тоа го оставиле велосипедот покрај телото. Меѓутоа на него немало траги од несреќата.

Истражителите веруваат дека велосипедистите возеле на мала оддалеченост еден од друг, па прво е нападнат едниот од нив, а двајцата се заробени дури кога наишол и другиот. Двајцата мажи биле искусни велосипедисти и обиколиле над десетина земји од светот.