Loading Video...
Кошарка
12. April 2021 - 12:46

Вечерва ќе биде познат последниот патник во плејофот во Евролигата

Во кошаркарската Евролига  вечерва ќе го дознаеме последниот патник во четвртфиналната рунда. 
 
По дуелот што се игра во Санкт Петерсбург, а во кој Зение го пречекува веќе отпишаниот Панатинаикос ќе биде познат осмиот тим кој ќе игра во плејофот , а воедно ќе ги дознаеме и комплетните двојките за четврт-финалето 
 
Доколку руската екипа забележи победа, таа ќе се вброи меѓу осумте најдобри, во спротивно пораз на Зенит би ја промоворал шпанската Веленсија во четвртфиналист. 
 
Место во плејофот веќе обезбедија: БАРСЕЛОНА, ЦСКА МОСКВА, АНАДОЛУ ЕФЕС, АРМАНИ МИЛАНО, БАЕРН МИНХЕН, РЕАЛ МАДРИД и ФЕНЕРБАХЧЕ 
 
Четвртфиналната рунда што ќе се игра до три победи започнува на 20 април