Бизарно но вистинито
27. April 2017 - 15:37

Вдовица гледала слики од нејзината венчавка, а тогаш открила шокантен детаљ!

По венчавката, Ема и Џастин Котилјард од Велика Британија со нетрпениe го очекувале медениот месец. Не ни помислиле дека патувањето ќе им се претвори во кошмар.

Едно утро тој само почнал да вика на неа и рекол дека ќе ја излезе. Неговото однесување било шокантно, бидејќи таа била во седмиот месец од бременоста. Набргу потоа, лекарите откриле дека боледува од агресивен и смртоносен тумор на мозокот.

Му кажале дека хемотерапијата, третманот и итната операција ќе успеат да му го продолжат животот во наредните две години. Младиот брачен пар бил шокиран.

И покрај стресната ситуација, Ема во 2015 година родила здраво девојче Миа. Во тој период Џастин ја почнал хемотерапијата. Својата ќерка можел да ја гледа само за време на викендите.

Четири месеци подоцна, било утврдено дека туморот се зголемува и дека метастазира. Ема верувала дека му останале уште само две недели живот, па одлучила да го донесе дома. За среќа, тој успеал да живее нешто подолго па го дочекал својот 30-ти роденден и наредниот Божиќ.

Во мај 2016. година починал. Ема од тогаш се занимава со хуманитарна работа, помага на луѓе заболени од истата болест. Симптомите на оваа болест се многу агресивни и можат да бидат опасни за околината. Како што се присетува Ема, нејзиниот маж пред венчавката се однесувал чудно. Денес кога ги гледа фотографиите, јасно и е зошто тоа било така.

Ема верува дека нејзината приказна ќе биде инспирација на луѓето навремено да ги воочат фаталните симптоми и можни болести, пред да биде прекасно. Доколку на време се препознаат, овие болесто може успешно да се лечат.