Македонија
1. November 2017 - 12:13

Важна информација до сите возачи: Утре полицијата ќе го сопре сообраќајот кај Кривичниот суд

 

Поради одржување на судското рочиште за „Дива населба“ утре сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен, соопшти МВР.

- Утре на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе се одржи судско рочиште за настаните поврзани со „Дива населба“. Од тие причини сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението