-->
-->
Васко Панчовски по трет пат го извади крстот од река Брегалница во Делчево
-->
Дваесет и осумгодишниот Васе Панчовски од Делчево е среќниот кој го извади Чесниот Крст од водите на река Брегалница, како дел од традиционалното негово положување по повод христијанскиот празник Богојавление Водици. За Панчовски кој учествувал 10 пати во оваа традиција, ова е трет пат како му успева да го извади крстот од водите на река Брегалница.
-Имам 28 години и учествувам во оваа традиција 10 години по ред. И оваа година имав среќа и го фатив крстот по трети пат. Господ да им дава здравје и среќа на сите и цела општина, рече Панчовски.
Честитки до Панчовски упати градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој му посакува многу среќа и бериќет.
-Денес е еден убав ден, традиција која не потсетува на светото крштевање на Исус Христос. Ова е традицијата која опстојува со векови и не обединува сите. На Васко и на сите граѓани им посакувам многу здравје и бериќет, рече Трајковски.
Годинава за чесниот фаќач на крстот, главната награда ја доделува компанијата Зегин, а награди се обезбедни и од Општината и други спонзори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Владата состанок за реформската агенда
-

Двајца загинати и еден тешко повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
