Васко Ковачевски: Ако ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна ценa, поскапувањето ќе беше 150%
Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150%, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на прашања на новинарите во врска со цената на струјата. Во изјава на конференцијата за енергетика МЕФ 2022, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.
-Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh, и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150%, или треба да ја продава по 48e/MWh, поскапувањето да биде минимално, 7-8%, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот да може да ги покрие трошоците за работа?
Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, сега критикуваат што нема поскапување, едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа- изјави директорот на ЕСМ, Ковачевски, стои во соопштението на ЕСМ.
Ново на Сител
-
Кајакарката Мелова од Демир Капија ќе учествува на ЕП во Чешка
-
Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина
-
Потпишан указ за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија
-
Николоски: Оддаваме почит на хероите од Карпалак кои ги дадоа животите за Македонија
-
Делегација на СДСМ положи цвеќе кај Карпалак
-
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје
-
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Удри дете на пешачки во Штип па избега
-
367 санкционирани возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени