„Вашингтон пост“: Министерот за правда Џеф Сешнс не кажал за своите контакти со рускиот амбасадор

Главниот обвинител и американски министер за правда, Џеф Сешнс, минатата година двапати разговарал со рускиот амбасадор во САД, но не се изјаснил за овие средби при распрашувањето во Сенатот ( кога беше избиран) дали имало контакти меѓу предизборната екипа на Доналд Трамп и руски официјални лица, пишува денеска весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на службеници на Министерството за правда.
Како што пренесуваат британските медиуми, една од средбите била приватен разговор меѓу тогашниот сенатор Сешнс и рускиот амбасадор Сергеј Кислак и се одржала во септември во канцеларијата на сенаторот. Во тоа време беше пикот на киберкампањата за влијанието врз претседателските избори во САД, а која против Русија ја отвори американското разузнавање, забележува весникот.
Сешнс ги негираше овие тврдења на весникот и изјави дека „никогаш не се сретнал со никакви руски претставници да разгледува прашања од предизборната кампања“, јавија американските медиуми.
Министерот изјави дека нема претстава за какви тврдења станува збор и подвлече дека тие не се точни.
Сешнс е еден од политичарите кои одамна го поддржуваат претседателот Доналд Трамп и беше негов политички советник, кога Трамп беше кандидат за претседател на републиканците.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
