Македонија
6. December 2021 - 21:18

Вархеји: ЕУ забрзано го губи кредибилитетот - потребен е почеток на преговори со Македонија уште овој месец

Нарушениот кредибилитет на Европската унија бара итно решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, смета еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Ова, тој го порача од Софискиот Балкански форум и потенцира дека очекува, уште овој месец да почнат преговорите со Македонија и Албанија.

За специјалниот пратеник на земјава, претстојниот период  бил златна шанса за решавање на спорот меѓу двете држави.. Изјавите на бугарските политичари ги смета за оптимистички.

Победничката коалиција во Бугарија на денешните консултации со Претседателот на државата, не соопштила што планира за спорот со Македонија.. Радев побарал мислење за проширувањето на ЕУ, но Петков и Василев не го кажале својот став.

Според најавите, со бугарскотот министерство за надворешни се очекува да раководи партијата „Има таков народ“, преставувана од Димитар Гардев, кој претходно изјави дека Бугарија не поставува никакви предуслови за Македонија.