Loading Video...
Ракомет
6. February 2018 - 14:02

Вардарецот Циндриќ меѓу кандидатите за најдобар светски ракометар во 2017-та

Членот на европскиот првак Вардар, Лука Циндруќ е меѓу номинираните за најдобар ракометари во 2017 година од страна на Светската ракометна федерација. 
 
ИХФ ги објави имињата петте најдобри во машка и женска конкуренција, кои се кандидати во изборот за најдобар играч за изминатата 2017 година. 
 
Меѓу номинираните во машка конкуренција очекувано се најде и Лука Циндриќ,кој со голот во последната секунда против Барселона на Вардар му донесе финале. 
 
Против кандидати на Цундриќ се неговиот сонародник Домагој Дувњак, потоа Никола Карабатиќ, Сандер Сагосен и Анди Шмид.
 
Кај дамите Романката, Кристина Неагу важи за „топ фаворитка“ во конкуренција на Швеѓанката, Изабел Гулден, Норвежанките Нора Морк и Стине Бредал Офтендал како и Нике Грот од Холандија. 
 
Најдобрите за 2017 година ќе се изберат по пат на гласање на фановите на следниот линк, додека во ова гласање ќе учествуваат и медиумите.