Loading Video...
Ракомет
22. September 2021 - 11:12

Вардарци со поддршка од трибините атакуваат на победа против Мешков Браст во ЛШ

Ракометарите на Вардар вечерва ќе го игра вториот меч во Лигата на шампионите. Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, македонскиот првак Вардар го печекува белорускиот Мешков Брес во меч од 2.коло на А групата во Лига на шампиони. 
 
Во овој меч вардарци влегуваат по нерешениот резултат 27-27 на  на гости кај  Елверум , додека белорускиот шампион беше поразен во првата рунда и тоа на домашен терен од германски Кил со 30-33.
 
За вечерашниот меч тренерот Веселин Виуовиќ не ќе може да смета на повредените, Анте Кудуз и Јан Чувара, додека во тимот се враќа голманот Борко Ристовски. 
 
Кај белорускиот шампион ќе недостасуваат петмина  клучни играчи (голманот Пешиќ, Јака Малус, Павел Пачковски, Артем Селвасјук и Егор Будејка) кои не допатуваа во Скопје. 
 
Вардар е без победа над Мешков на последните три меѓусебни натпревари, вклучувајќи ги двата лански во групната фаза на Лигата на шампионите во кои белорускиот првак славеше со 24-22 во Брест, односо во Скопје во март месец кога победи со 36-32.
 
Мотив повеќе за Вардар да ја прекинат оваа низа на противникот е и враќањето на публиката на трибините. 
 
По подолг период вардарци ќе ја има подршката од своите навивачи кои за влез во салата покрај приложениот билет, ќе мора да приложат и доказ со кој ќе ги исполнат строгите критериуми од здравствените власти во борбата против Ковид-19 (сертификат за извршена имунизација (вакцинација) примена најмалку прва доза или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст).
 
Влезниците за дуелот вечерашниот натпревар ќе се продаваат пред салата (инфо во линк)
 
Дуел меѓу Вардар и Мешков Брест ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот
 
Во остантите три средби од оваа група денеска ќе играат
18:45  АЛБОРГ - МОНПЕЉЕ
18:45  ПИК СЕГЕД - ППД ЗАГРЕБ 
20:45  КИЛ -  ЕЛВЕРУМ