Loading Video...
Ракомет
14. February 2019 - 16:43

Вардарци со оптимизам, но и претпазливост пред дуелот со Вестпрем

Македонскиот Вардар во сабота против Вестпрем ќе го одигра натпреварот од 12.коло во Лигата на шампионите.  Во мечот кој е прогласен за дерби на колото, црвено-црните ќе се обидат да стигнат до осмата победа. 
 
Двата тима со победи над Рајн Некар и Барселона го продолжија натпреварувањето во елитната лига, а со ист број на бодови заедно со полскиот, Вестпрем е на чекор, еден бода, зад Вардар на табелата во А групата.
 
„ Победата над Рајн Некар Левен ни ја олесни задачата во борбата за пласман во групата, но тоа не треба да не опушти. Не чека меч против тим кој е во одлична форма. Ние сме максимално спремни, но сакаме пред нашата публика да ги израдуваме сите“, изјави капитенот Стоилов.
 
Добра информација за тренерот Роберто Гарсија Парондо е што Вуко Борозан и Рожерио Мораеш тренираат со полна пареа со целиот тим, но Шпанецот сеуште не е сигурен колку ќе ги користи овие двајца ракометари 
 
„Ќе биде многу тешко. Сакаме да освоиме што повеќе бодови, но знаеме дека не чекаат тешки предизвици, посебно со Веспрем, кој е еден од најдобрите екипи во ЛШ. Борозан и Мораеш работат со тимот, па ако се е добро тие ќе учествуваат во мечот. Ни фали само Горбок, кому му е потребно уште најмалку еден месец. Другиот тим е во ред и работи“, изјави Парондо.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота со почеток од  17 часот и 30 часот.