Ракомет
26. April 2021 - 14:47

Вардарци на гостувањето кај Војводина без 11 првотимци

Rепрезентативен прозорец или популарната ЕХФ недела, ќе биде искористен и за одигрување на заостанат натпревар во регионалната СЕХА лига. 
 
Тоа е дуели во кој нашиот претставник Вардар ќе и гостува на Војводина. 
 
На средбата во Нови Сад закажана за утре тренерот Стевче Алушовски ќе мора да се снајде без единаесетмина првотимци, оние кои имаат репрезентативни обврски како и повредените Борко Ристовски и Димитар Димитриоски, па Алушовски беше принуден во тимот да повика шестмина  кадети. 
 
За црвено-црните ова ќе биде последен натпревар во Б групата во која досега остварита три победи, а имаат и два порази.
 
Дуелот меѓу Војводина – Вардар е закажана за утре со почеток од 17 часот.