Loading Video...
Ракомет
1. December 2019 - 18:36

Вардар убедливо поразен од Веспрем

Со пораз од Веспрем актуелниот македонски и европски првак Вардар ја заврши оваа календарска година во Лигата на шампионите.
 
Во рамките од 10.коло на Б групата Вардар загуби убедливо од Веспрем со  29-38 (15-22)
 
Вардарци беа рамноправни само во воведните 3.минути, а по нерешените 2:2, гостите од Унгарија направија серија со 7:0 за водство во 11.минута до 9:2 (-7). 
 
Предноста од 7 голови Веспрем ја одржа до крајот на првиот дел кој го доби со 22:15.
 
Ваквата предност искусниот унгарски состав во вториот дел постепено ја зголемуваше, па во 52-минута имаше и највисоки 11 гола (35-24), за на крајот да слави со конечни 38-29.
 
По 10 одиграни натпревари и со 9 освоени бодови Вардар е на 6.место на табелата во Б групата, зад Порто кој има 10, Монпелје 11 и Килце 12. Екипата на Веспрем со новите бодови и вкупно 14 е на втората позиција зад лидерот Кил кој собра 16 бодови 
 
Паузата до два месеци добро ќе им дојде на вардарци да ги консолидираат редовите, па во февруари месец, одново да ги видиме во вистинско светло и тоа во првиот следен меч против лидерот во групата Кил на гости во Германија закажан за 5 февруари 2020 година.