Loading Video...
Ракомет
5. March 2019 - 18:54

Вардар поразен од Мешков Брест

Откако во саботата играа против актуелниот европски првак Монпелје, ракометарите на Вардар денеска го одиграа дерби дуел во СЕХА лигата против Мешков Брест

Во натпревар од 16.коло на регионалната лига кој се одигра во СЦ Јане Сандански, македонскиот шампион Вардар е поразен од белорускиот Мешков Брест со 30:32 полувреме 16:17. 

Во најголемиот дел од мечот противникот беше во предност, но од 45-тата до 52.минута вардарци беа оние кои имаа гол повеќе. Сепак во завршницата македонскиот првак направи неколку технички грешки, а противникот тоа знаеше да го казни и на крајот заслужено да се радува на победа. 

По шест гола  за Вардар постигнаа Скубе и Дибиров додека Чупиќ заврши со еден помалку (5)

И покрај поразот Вардар останува лидер на табелата со 39 бодови, пред Нексе и ППД Загреб кои имаат по  36, додека Мешков Брест сега е четврти со 33, Татран Прешов кој утре ќе биде домаќин на Металург има 30 бодови. 

До крајот на лигашкиот дел вардарци ќе треба да ги одиграат дуелите против Нексе (10 март) и Извиѓач (12 март) на гостински терен по што на 20 март ќе го одигра првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против ППД Загреб.