Loading Video...
Ракомет
2. July 2021 - 19:47

Вардар ја доби полесната група во ЛШ

Денеска во Виена беа извлечени групите за новото издание на ЛШ во ракомет. Македонскиот првак Вардар ќе игра во Б- групата која се смета за полесна во однос на А-групата каде се најдоа пет клуба претенденти за европскиот трофеј. 
Екипата на Вардар имаше голема среќа при денешното извлекување на групите за следната сезона во најелитното натпреварување. Црвено-црните  се најдоа во група со Кил, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Мешков Брест, Загреб и Елверум. Трката за пласман во елиминациската фаза ја започнуваат токму со Елверум на гостински терен а потоа следуваат пресметките со Мешков Брест и Загреб. 
Македонскиот првак  во новата сезона ќе игра под водството на новиот тренер Веселин Вујовиќ и во наредниот период треба да достави гаранција од еден милион евра за да може да се натпреварува во елитата.  Оваа сума според ЕХФ ќе треба да се уплати на две рати до 27-ми јули. 
Што се однесува до А- групата тука се најдоа европскиот првак Барселона, потоа ПСЖ, Веспрем, Кјелце, Фленсбург, Динамо Букурешт, Порто и Мотор.